Пратеничката Фиторе Пацоли од партијата Самоопределување денеска побара оставка од Вљора Читаку, претставничката на Приштина во Вашингтон, доколку се докаже дека е точно дека Јамајка не го признала Косово.
Во меѓувреме веста за призавањето на Косово е демантирана и од министерката за надворешни работи на Јамајка.
Пацоли истакна дека на Косово не му се потребни амбасадори кои шират лажни информации и доколку вестите за признавањето од Јамајка се навистина лажни амбасадорката Читаку треба веднаш да си поднесе оставка.
Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети објави на својот Фејсбук профил дека сите се спремни да прифатат заслуги, но никој не презема одговорност за грешките.
Ахмети беше избран за градоначалник на Приштина како функционер од партијата Самоопределување, а подоцна формираше своја Социјалдемократска партија.