Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјавата за медиумите по сведочењето за „Монструм“ рече дека побарале повторување на судењето со меѓународен мониторинг за да се утврди вистината.
– Ние очекуваме судските власти да го разработат и да го расветлат случајот. Само така може да најдат мир тие што ги загубија своите најмили. Сме разговарале со политички авторитети затоа што политичките авторитети, политичките партии имаат одговорност за да ја менаџираат ситуацијата и на крај наша проценка беше дека постапката мора да се повтори со биолошки, со материјални докази, на најтранспарентен начин за целата јавност, затоа што овој случај е навистина трагедија и ако не се расветли така како што треба може да има последици. Затоа некој бара ова да го искористи за политички цели со најлоши намери за да ги стави двете страни во конфликт, кажа Ахмети.
ДУИ, според него, како политичка партија платила висока цена, сите ги обвинувале дека се поврзани со случајот и затоа, вели, никој повеќе од нив не сака да се расветли случајот.