Вчера на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен З.П.(50) од селото Јурумлери, Скопско, вработен во градежна фирма од Скопје.
Тој се повредил околу 13:00 часот додека извршувал работни задачи на објект во градба на ул. Радишанска во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен и трудов инспектор.