Францускиот фудбалски сојуз на официјалната веб-страница објави дека напаѓачот на Пари Сен-Жермен, бразилскиот интеранционалец Нејмар е прогласен за најдобар играч во јануари во Лига 1.
Бразилецот, кој во јануари постигна четири голови и направи една асистенција, освои 62% од гласовите.
Конкуренти на Нејмар за наградата му беа Иунис Абделхамид од Ремс и Муса Дембеле од Лион кои освоија 20, односно 18 проценти.