Францускиот фудбалски интеранционалец Пол Погба кој по враќањето во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед ни од далеку не прикажуваа партии какви имаше во италјанскиот Јувентус. Затоа подолг период актуелно е враќањето на Погба во редовите на „старата дама“. Французунот е подготвен веднаш да се врати во Торино каде ги одигра најдобрите фудбалски партии во кариерата во перидото од 2012 до 2016 година, ама Манчестер јунајтед и Јувентус неможат да се спогодат околу отшетата.
Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус е подготвен да му плати на Манчестер јунајтед 50 милиони евра и во трансферот да го вклучи Арон Рамзи. Но „црвените ѓаволи“ од „Олд Трафорд“ за да го ослободата францускиот интеранционалец бараат 150 милиони евра колку што платија за да го вратат во своите редови во 2016 година.
Рамзи во Јувентус пристигна на почетокот од оваа сезона од Арсенал како слободен играч, но не се избори за место во тимот кај Сари, а имаше и малер со повреди. Погба во 2009 година како 16 годишник пристигна во Манчестер јунајтед од Ле Хавре, но три години подоцна бесплатно „побегна„ во Јувентус.