Новите шокантни информации објавуваат медиумите на Косово за семјното злосторство кое го изврши полицајката Ваљдете Блаца во Гњилане. Таа ги уби двајцата браќа и родителите во семјната куќа, а птоа самата се самоубила со службен пиштол кој го украла од полицикста станица, бидејќи за носење на оружје имала забрана поради психолошки здравствени проблеми. Медиумите откриваат дека меѓу убиствата на најблиските и нејзиното самоубиство, полицајката не и дозволила на својата тетка и нејзиниот син да влезат во куќата за да не ги видата телата на застреланите, а претхоидниот ден на истата без образложение и дала 12.000 евра, откако се распрашувала колку чини погреб. Се претпоставува дека парите полицјаката и ги дала на тетка си за да го погребе целото семејство.
Ваљдете, која ги уби браќата Блерим (33) и Фисник (34) со два истрела од куршум, од кои едниот на спиење, а потоа и нејзините родители, мајката Ханифа (66) и таткото Зекир (70), била неколку часа сама со телата на застрелните. Кога тетката на Ваљдете се појавила пред вратат, старвувајќи дека дека ќе ги види телата на нејзините најблиски, не и дозволила да влезе внатре со образложение дека семејството е зафатено, а таа се брза да излезе и ја затворила вратата ! Тетката и нејзиниот син кога се оддалечиле од куќата го се слушнале и последниот истрел со кој си го одзела животот полицајката Валдете. Веднаш потоа тие ја повикале полицијата и по влегувањето во домот ја затекнале грозоморната сцена.
Медиумите објавија дека полицијката подолго време го планирала злосторството и ја прашала тетката претходниот ден колку чини погреб, а потоа и дала 12.000 евра без да и каже зошто.
Соседите пак во вторникот раскажаа уште едно можно сценарио за убиство, според кое полицајката се вратил дома од работа и го нашла нејзиниот брат Блерим како пука кон членовите на семејството. За да го спречи, таа го убила, а потоа и самата си пресудила. Некои официјални претставници ги негираа ова сценарио со потврдата дека на местото на настанот е пронајдено само едно оружје, нејзиниот службен пиштол кој и бил во нејзината рака.