Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД „се договорија со талибанците” за „значителното намалување на насилството во Авга нистан”, јави ДПА.
-Договорот се очекува да биде потпишан на 29 февруати по намалувањето на насилствата во Авганистан, изјави Помпео.
Авганистански претставник утринава соопшти дека еднонеделното „намалување на насилството” меѓу талибанците, САД и авганистанските безбедносни сили ќе почне многу брзо.
Изјавата беше дадена пред можното потпишување на договор меѓу Вашингтон и талибанците.
– Намалувањето на насилството ќе почне од 22 февруари и ќе трае една недела, изјави Џавед Фајсал, портпарол на Советот за национална безбедност на Авганистан.