ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска се приклучи кон иницијативата на Советот на родителите на ООУ „Исмаил Ќемали” од скопската општина Чаир, за спроведување акција за генерално чистење на дворот и околината на училиштето.
Во рамките на акцијата, учениците заедно со своите родители ги чистеа отпадоците од училишниот двор, со помош на екипите на ЈП Комунална хигиена- Скопје коишто го подигнаа и го транспортираа собраниот отпад.
„ЈП Комунална хигиена-Скопје секогаш со радост им излегува во пресрет на ваквите иницијативи за чистење на образовните институции, затоа што нашите најмлади сограѓани заслужуваат да учат во чиста и здрава животна околина. Овие акции се особено значајни затоа што кај новите генерации ја развиваат свеста за правилно постапување со отпадот.” – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.