Да, токму така, другар Зоран Заев – СДСМ не е мултиетничка партија! Иако ти кажа дека е. Прецизно, ти кажа дека СДСМ не е македонска, туку е мултиетничка партија и тоа го поврза со мултиетничкиот карактер на државата. А не си во право. Ама ич не си во право!, пишува Брано Героски во својата колумна во „Плусинфо.“
-СДСМ не е ни моноетничка, ни биетничка, ни мултиетничка партија. Етницитетот како категорија нема апсолутно никаква врска со политичкиот и со идеолошкиот карактер на партијата чиј претседател сега си ти. Освен ако нешто тајно не сте запишале во нејзините документи, во што не верувам. СДСМ е партија која никогаш немала и никогаш не смее да има било каков етнички предзнак или атрибут. Убеден сум дека ова го знае секој член на СДСМ и дека никој не прифаќа партијата да добие етничка дефиниција, макар и да се нарече мултиетничка, пишува Героски.
…СДСМ, како наследничка на КПМ, СКМ и на СКМ-ПДП, е македонска партија, другар Зоран Заев. СДСМ е партија која никогаш немала и никогаш не смее да има било каков етнички предзнак или атрибут, како сопствена политичка или идеолошка определба. Такво нешто опасно може да ги поткопа идеолошките темели на партијата чиј претседател сега си ти. Затоа, те молам, внимавај и со зборовите, а и со делата…
Колумната може да ја прочитате тука: