Директорот на Даночната управа на Црна Гора, Миомир М. Мугоша соопшти денеска дека таа институција покренала контрола во сите верски заедници поради долгови. Ако, според него Митрополијата црногорско-приморска има долг ќе мора да го плати доброволно, во спротивно наплатата би била принудна.
Мугоша на својот профил на Твитер напиша дека „даночниот долг за 38 пријавени свештеници на Митрополијата надминал 300.000 евра и дека вкупниот долг се проценува дека е повеќемилионски”.
Според него, Митрополијата има неколку компании основани од нив и неколку отворени жиро-сметки во комерцијалните банки преку кои поминале десетици милиони евра во изминатите неколку години.
„Ако МЦП доброволно не го плати даночниот долг, законска обврска е да се наплати долгот присилно, со средства од нивната сметка или од нивниот имот. Се разбира, не од верски објекти, туку од имотите во сопственост на МЦП на атрактивни локации”, напиша Мугоша.