Иран ќе затвори училишта, универзитети и едукативни центри во два централни града за да спречи ширење на новиот коронавирус, јави државната телевизија.
Во соопштението се вели дека затворањето ќе почне утре и ќе трае два дена во градот Ком, каде од вирусот починаа две лица, а една недела во градот Арак.
Иран денеска објави за уште еден смртен случај меѓу 10 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи во Исламската Република е пет и заразени се 28.