Борусија Дортмунд го совлада Вердер Бремен со 2:0, во натпревар од 23 коло во Бундеслигата на кој Ерлинг Хaланд уште еднаш се запиша во листата на стрелците.
Ова е деветти гол на Норвежанецот на шест натпревари во Бундеслигата. Вкупно за 12. Во дресот на Борусија на осум натпревари.
Во сезоната 2019/2020, 19-годишниот Хaланд, кој играше за Ред Бул Салцбург до јануари, веќе постигна 40 гола на 30 натпревари во сите натпреварувања.