Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека Анкара ќе постапува порешително во Сирија затоа што во таа земја гинат турски трупи.
– Се одлучивме за план на акции и ќе преземеме одлучни чекори, нагласи Ердоган во говорот што го објави телевизијата НТВ.
Тој не прецизираше кои чекори ќе бидат преземени, истакнувајќи дека Анкара „нема да потклекнува пред светските сценарија за моќ”.
Ердгоган додаде дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Сирија.
Ситуацијата во провинцијата Идлиб се влоши драматично кон крајот на јануари кога сириските владини трупи почнаа офанзива врз екстремисти кои го прекинаа примирјето и во таа акција беа ослободени поголеми делови од провинциите Алепо и Идлиб.