Повеќе стотици луѓе, кои го поддржуваат Џулијан Асанж, денеска маршираа во Лондон. Целта на нивниот марш е да извршат притирок на британската влада да го одбие барањето за есктрадиција на основачот на Викиликс на САД, каде би требало да се соочи со обвиненија за шпионажа.
Меѓу насобраните беа и познати британски личности, како Роџер Волтерс од „Пинк Флојд“, пејачката на „Притендерс“, Криси Хајнд и модната дизајнерка, Вивиен Вествуд.
Исто така, повеќе од 40 правници од Велика Британија, САД, Франција и други земји објавија писмо во кое бараат од британската влада да го одбие барањето за екстрадиција на Асанж.
Портпаролот на Викиликс, Кристин Храфнсон, на насобраните им рекол дека кривичното гонење на Асанж е мрачна сила против оние кои сакаат правда, транспарентност и вистина“.
Сослушвањето за екстрадицијата на Асанж е закажано за в понеделник во судот во Лондон.