Во полиција вчера вечер било пријавено дека настанал пожар во Клиниката за инфектологија во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според информациите на полицијата, биле опожарени кабли и цевки во тоалет од една од собите.
Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.