СДСМ е посветен на економските реформи и на економскиот напредок на државата преку реализирање на низа мерки со кои се подобрува квалтетот на животот на сите граѓани.
Реалните економски показатели нотираат постојан раст и придонесуваат за континуирано зголемување на просечната плата.
Просечната плата од 2017 година бележи нагорен тренд и во изминатите две години се зголеми за над 4.000 денари од 22.808 денари во јуни 2017 на досега највисоките 26.836 денари во декември 2019 година.
Просечната плата прв пат се искачи над 26.000 денари, благодарение на економските политики на СДСМ, инвестирањето во човечкиот капитал и посветеноста во секторот економија.
Официјалните податоци покажуваат дека просечната плата е зголемена во речиси сите сектори. Со тоа се потврдува исправноста и ефикасноста на политиките и мерките кои ги презема СДСМ.
Ваквите успешни резултати ни даваат мотив да продолжиме со истиот интензитет и во иднина да обезбедиме повеќе пари во семејниот буџет. Веруваме во нашите економски перформанси и затоа настојуваме просечната плата да се искачи на 30.000 денари.
Успешната економија и постојаниот пораст на просечната плата потврдуваат дека сме на прав пат. Затоа граѓаните на 12 април ќе го дадат својот глас за поголеми плати и подобрување на животниот стандард.