(Видео) Милошоски објави нова „бомба“ за Заев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска од седиштето на својата партија објави аудио-снимка за како што тој тврди, екс-премиерот Зоран Заев не само што бил премиер, туку бил и врховен судија и специјален јавен обвинител.

На објавениот разговор се слуша гласот на Зоран Заев, за кој Антонио Милошоски вели дека сега веќе нема потреба да се потврдува дека тоа е неговиот глас, бидејќи за првообјавениот разгвор исто од страна на Милошоски, Заев од Прилеп потврди дека се работи за неговиот глас

Милошоски тврди дека според разговорот Заев бил во тесна координација со екс-шефицата на СЈО, Катица Јанева. Милошоски додава дека оваа снимка укажува на тоа зошто на Заев му се брзало да го донесе законот за ЈО, за во иднина сите овие „бомби“ да не може да бидат докази.

Откако денеска пушти аудио-снимка за екс-премиерот Зоран Заев, пратеникот Антонијо Милошоски порача дека верува дека лидерот на владејачката партија ќе биде повикан на распит во ЈО.

„Би сакал да укажам дека господинот Заев претходниот пат веќе призна дека се работи за неговиот глас, на аудио снимката која што беше објавена во Собранието на Република Македонија. Овој пат тоа не е тема.

Тема е што господинот Заев како премиер во присуство на други нему познати лица дава експлицитно јасен исказ дека тој договарал одлуки заедно со Врховниот суд, тоа е фрагнатно мешање на Извршната во Судската власт и кршење на многу членови во Кривичниот Законик и на принципите во Уставот на државата.

Второ, од самиот материјал може да се види дека господинот Заев цело време бил во тесна и блиска соработка со госпоѓата Катица Јанева, која што очигледно е дека без него не можела да одлучува или да постапува самоволно. И затоа може лесно да се заклучи дека господинот Заев и госпоѓата Катица Јанева биле во тесна координација и за самиот случај „Рекет“.

И третата работа, ако внимателно го видите транскриптот господинот Заев јасно посочува зошто му се брзаше на таков нелегален, неделовнички начин да се донесе Законот за обвинителство и зошто толку очајно се залагаше 80 пратеници да ги обезбеди да гласаат за да не важат понатаму во иднина нелегално стекнати материјали кои што би можеле да бидат употребени како докази против него во некоја идна постапка.“

 

Треба да знаете
Последни објави