Во индиската држава Утар Прадеш се откриени наоѓалишта на злато кои се проценуваат на три илјади тони, соопшти Министерството за геологија и рударство во земјата. Резервите на злато се распространети на 108 хектари.
„Федералните и локалните агенции пронајдоа траги од злато во областа Сонбадра после 10-годишни испитувања на зоната“, рече началникот на рударскиот оддел во Утар Прадеш, Рошан Џејкоб.
Индија е втор најголем потрошувач на злато во светот и увезува 843 тони злато на годишно ниво, кој главно се користи за накит, верски обреди и богати свадби.
Минатата година Индија увезла злато во вредност од 31 милијарди американски долари, што ја прави втор најголем увезен производ по нафтата.