Извршителот Мицкоски откри дека со криминални пари на неговиот шеф Груевски планира да ја финансира партијата?

Денеска извршителот Христијан Мицкоски, стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ со долг од 8 милиони евра, откри дека со криминални пари на неговиот шеф, Никола Груевски планира да ја финансира партијата!?

Конечно Мицкоски признава дека е зависен од парите на неговиот ментор на кој се му должи.

Денешниот повик за донации до познатото трио, Груевски-Камчев-Мијалков е повик за поддршка на криминалот и неправдата, за поддршка на обидите за обнова на режимот, против правдата и против напредокот на земјата.

Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ раководена од извршителот Мицкоски, а управувана од Груевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило. Тоа е истата партија, симбол на криминал и корупција.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поразено на 12 април. Граѓаните ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

Треба да знаете
Последни објави