-На децата им е одземено правото на образование заради гранатирањата и затворањата на училиштата поради напаѓачот и поради оние кои го финансираат истиот напаѓач и му даваат оружје. Тие мора да се земат на одговорност, порала Ал-Сараџ, пренесе Фена.
Тој кажа дека меѓународно признатата Влада на национално единство „секогаш покажувала подготвеност да се тргне напред на патот кон мир и стабилност”.
Политичките разговори меѓу двете страни ќе се одржат во среда во Женева.
Либија е центар на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога по интервенцијата на НАТО од власта беше соборен и подоцна и убиен дотогашниот долгогодишен неприкосновен лидер Моамер ел-Гадафи.
Силите предводени од генералот Хафтар во април минатата година почнаа офанзива врз Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата за национално единство.