Моторџија тешко повреден, паднал од мотор во Велес

На 23.02.2020 во 15.00 часот било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ во Велес, мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(67) од Велес изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Велес за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави