На 23.02.2020 околу 19.00 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(37) од Словенија затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Тој бил задржано во Полициското одделение Петровец и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.