Интер во првиот меч од шеснаесетфиналето во фудбалската Лига Европа го совлада Лудогорец (2:0) како гостин, па пласманот во осминафиналето треба да го завери в четврток на „Џузепе Меаца“. Но, поради коронавирусот кој зема замав во Италија изминатиов викенд одложени беа некои натпревари, а препораката е за целосно запирање на фудбалските активности за наредниов викенд, како една од мерките да се избегне ширење на заразата која предизвикува и смртни последици. Во ваква ситуација се покрена прашањето за одлагање на мечот Интер-Лудогорец.
Но, од УЕФА организаторот на ова натпреварување таквата препорака не е прифатлива и средбата ќе се игра во закажаниот термин, но пред празни тирибини.