Новиот хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, го осуди палењето на кукли од геј двојка со посвоено дете на карневалот во Имотски, велејќи дека тоа е тажен, нехуман и тотално неприфатлив чин во текот на карневалските денови.
-Организаторите кои го приредија срамниот настан, повикувајќи се притоа на традицијата, заслужуваат најсилна осуда во јавноста поради ширење на омраза кон другите. Нетолеранцијата и нечовечноста немаат место во хрватската традиција – порача Милановиќ на својот Фејсбук профил.