(Во живо) Комеморација за Коби Брајант во Лос Анџелес

По речиси еден месец од трагичната смрт на легендата на Лос Анџелес лејкерс, денеска се одржува комеморацијата во чест на кошаркарот Коби Брајант, а илјадници фанови се собраат пред „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана, беа меѓу жртвите кои го загубија животот во трагичната хеликоптерска несреќа на 26 јануари годинава. Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс и Џиџи беа тајно погребани, а денеска во „Стејплс центарот“ во тек е комеморација за трагично загинатите.

24 февруари беше .одбран за ден за сеќавање на Коби и Џиџи, бидејќи во еден период од кариерата Брајант го носеше дресот со бројот 24, а за Џиџи беше резервиран дресот со бројот 2.

Треба да знаете
Последни објави