Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 261 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од нив, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети биле 173 непрописно паркирани возила, а со блокатор санкционирани биле 88 возила затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти за секторот во којшто биле паркирани.
Општина Центар информира дека континуирано ќе спроведува мерки со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на територијата на општината.