На 23.02.2020 во 16.15 часот на Граничен премин „Стење“, при извршена проверка на Г.К.(52) од Скопје било утврдено дека се наоѓа на стоп-листата со мерка да се лиши од слобода по наредба од Основен Суд Скопје-1 и да се спроведе до Казнено-поправната установа Затвор -Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Ресен за понатамошна постапка.