Бела Хадид позира топлес на третман за зајакнување на имунитет

Бела Хадид во понеделникот наутро сподели две впечатливи фотографии за нејзините 29 милиони следбеници на Инстаграм.

23-годишната сирена на модна писта позира топлес, своите интимни делови ги крие со едната рака, а со втората прави селфи во огледало додека е на третман за јакнење на имунолошкиот систем во Париз.

 

Посетата на Франција се случува кратко време по Модната недела во Милано (Milan Fashion week), после која носеше маска поради стравувањата од Коронавирус.

Од светот на манекенството таа се префли на спа уживање. По завршување на ангажманот во Италија, Бела реши да закаже спа-третмани во парискиот екслузивен спа центар „Диор престиж“.

И додеја го јакне својот имунитет, ќерката на Јоланда Хадид прави селфиња и ги објавува на својот Инстаграм. Таа не носи горен дел облека, а со раката ги покрива градите.

„Место за кулирање: Не е реклама … само сакам да ви кажам дека ова е најмагичното место во Париз … кога и да е мојот имунолошки систем намален, знам точно каде да одам …“ напиша таа на објавата.

Треба да знаете
Последни објави