Наполитанците првпат ќе имаат прилика да го гледата Меси во живо

Денеска (21 ч.) продолжуваат возбудувањата со уште две средби од првата рунда во осминафиналето од фудбалската Лига на шампионите. Во Лондон, Челзи ќе го пречека Баерн Минхен, а во Неапол, Наполи ќе биде домаќин на Барселона. Реванш мечевите од овие дуели се закажани за 18 март.

Последните две средби со кој ќе се комплетира првата рунда од оваа елиминаторна фаза се закажани за утре (21 ч.) во кој францускиот Лион ќе му биде домаќин на италјанскиот првак Јувентус, а најтрофејниот европски клуб, шпанскиот Реал Мадрид ќе се соочи со актуелниот англиски првак Манчестер сити, кој поради забраната за настап во наредните две сезони во евро-натпреварувањата изречена од старана на УЕФА, сезонава гледа шанса да стигне до првиот трофеј во елитното натпреаврување.

Во Лондон, Челзи иако ќе ја има предноста на домашниот терен ќе има тешка задача против бундеслигашот Баерн. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ во незгоден момент ќе го игра првиот осминафинален дуел со баерн, кој фати победнички ритам во бундеслигашката конкуренција и се проби до челната позиција. Баерн имаше проблеми во германското првенство, но беше  единствената екипа која имаше максимални шест победи во групната фаза од ЛШ, додека Челзи во последното коло избори пласман во нокаут-фазата.

Голем хендикеп за тренерот на „сините“ Френк Лампард ќе биде повредата на Нголо Канте, кој беше движечка полуга во тимот, а ќе недостасува и Кристијан Пулишиќ, додека под знак прашалник е настапот на Педор, а по два пропуштени мечеви, во тимот се враќа Хадсон Одои. Кај Баерн Минхен на листата со повредени играчи се  наоѓаат Иван Перишиќ,  Никлас Зуле и Хави Мартинез.

-Имаме проблеми околу составот на тимот. Мораме да се мобилизраме сите и натпреварот да го одиграме храбро. Баерн добро го познавам, како и тие нас. Тактички изнеандувања нема да има. За Левандовски ќе има задолжени играч. Ќе се обидеме да ги запреме нивните контранапади и да ја наметнеме нашата игра со додавања на средината од теренот. Се надевам дека на крајот ќе обезбедиме повоелн резултат – Лампрад.

Баерн со доста проблеми го совлада Падеборн и се задржа на лидерската позиција во Бундеслигата.

–  Не очекува тежок натпреавр – предупредува Хајнц Дитер Флик, тренерот на Баерн и додава: Без разлика што Челзи нема да биде комплетен според она што го видов на дуелот со Тотенхем ја имаат фаворитска улога на во нашата пресметка. Имаат проблеми во одбранбените редови и ќе се обидеме тоа да го искористиме.

Во Неапол, Наполи кој тргна со добри резултат под водство на  тренерот Џенаро Гатузо, на последните седум натпревари има шест победи и се пробива кон врвот во Серија А, ја пречекува Барселона. На „Сан Пауло“ симпатизерите на Наполи за првпат ќе имаат можност во живо да го гледаат еден од најдобрите играчи Лионел Меси.

-Пресметката со Барселона ќе биде вистинскиот испит за нас. Во форма сме, играме добро, цврсто и агресивно. Ќе видеме како ќе изгледаме против Меси. Секоја победа за нас ќе биде значајна. Ние како по обичај против најсилните играме најдобро – оптимист е Гатузо.

Двата тима вечерашната пресметка ја чекаат некомплетни. Во Наполи повредени се Кулибали, Милик, Лоренцо, Хисаи и Лоренре, а кај Барселона ќе недостасуваат Суарез, Дембеле, Алба и Роберто.

– Полехка се враќаме во форма. Меси против Еибар постигна дури четири гола. Многу ќе ни недостасува Суарез, но убеден сум дека ќе одиграме добар меч во неапол, вели новиот тренер на Барселона Кике Сетијен.

Треба да знаете
Последни објави