Претставници на ЈСП се во посета во фабриката „Ман“ за да видат до каде е работата со новите автобуси кои наскоро ќе пристигнат во Скопје, откри денеска градоначалникот Петре Шилегов.
– На 12 март би требало 17 од 33. автобуси да пристигнат во Скопје. Ќе бидат во црвена боја, како заштитен знак на градот. Покрај единечните, во фабриката на „Ман“се произведуваат и зглобни автобуси, специјално за испорака за Скопје, рече Шилегов и додаде:
-Ман се премиум производи, а не како кинеските со кој сега дополнително имаме проблеми да ги сервисираме поради коронавирусот околу набавката на резервни делови.