Во Велика Британија се предлага самоизолација на лицата кои биле во Италија

Велика Британија денеска објави дека луѓето кои биле во посета на северна Италија би требало да се самоизолираат доколку имаат симптоми слични на грип.

– Доколку некој бил во погодените области, што италијанската Влада ги стави под карантин, тогаш би требало да се самоизолираат без оглед дали имаат симптоми, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Во Италија повеќе од 220 лица се заразени со новиот коронавирус, додека седум починаа. Тоа е најголем број на случаи надвор од Азија.

Треба да знаете
Последни објави