Зоран Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата. Зоран Заев ја закопа правдата во Македонија. Заев три години кроел обвиненија и диктирал пресуди. Снимката која ја слушна јавноста покажува дека Врховен носел пресуди по “трас трас” системот на Заев, а за целиот процес запознаена била и Катица. Одговорност за Заев мора да има. Заев мора да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, но не со ова обвинителство, туку со обвинителство во кое ќе бидат обвинители предложени од експертската јавност, луѓе кои уживаат кредибилитет во фелата и имаат интегритет.
Во Врховниот суд на Република Македонија мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребни се оставки и одговорност пред законите.
Неопходна е и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите.
Македонија нема повеќе време за губење.
На 12 април следува крај на мафијата. По 12 април почнува обновата.