Извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски синоќа уште еднаш призна – негова најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство. Овој Закон обезбедува продолжување на сите предмети, обезбедува одговорност за сите кои се огрешиле пред законот и истиот е темел за градење силно и независно и професионално обвинителство. Токму тоа е она против кое Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат.
Откако не му успеаја блокадите, деструкциите и заканите во Собранието, Мицкоски синоќа маршираше за неправда, против одговорност и против независно судство и исто како во времето на режимот со закануваше кон судии, обвинители, новинари и медиуми.
Зад него беа старите, верни послушници и кочничари на европската иднина на државата, кочничари и уништувачи на правдата!
ВМРО ДПМНЕ со одбрана на мафијата не може да донесе правда, со заштита на Груевски не може да донесе правна држава, а со обидите да се уништат предметите на СЈО не може да донесе владеење на правото.
ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев, Цветан Трипуновски и нивните шефови Груевски и Мицкоски.
Тие се симбол на неправда и криминал и не можат да се борат за правда.
Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.
Не, тие треба да одговараат и ќе одговараат пред правдата.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да протестираат против правдата, но криминалот на нивниот шеф од Будимпешта и криминалот на нивните сопартијци нема да го одбранат.
Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки.
Борбата против криминалот и корупцијата е неселективна и бескомпромисна, ќе одговара секој за кој ќе се докаже дека сторил какво било кривично дело.