Во Италија сѐ уште не е идентификуван т.н. „нулти пациент“ кој всушност го донел вирусот, но откриен е првиот заразен. Познато е дека станува збор за 38-годишен маж, на кого властите му го откриваат само името – Матија.
Поради респираторни проблеми тој бил хоспитализиран во одделението за интензивна нега во болница во градот Кодоњо, а во моментов е во болницата „Сан Матео“ која се наоѓа 35 километри јужно од Милано.
Ова го соопшти портпаролот на италијанската дирекција за цивилна заштита кој додаде дека неговата бремена сопруга исто така била позитивна на коронавирус и е хоспитализирана, но нејзината состојба не е загрижувачка, пренесува Си-ен-ен.