Албанската државната полиција информираше дека со чартер лет од Шпанија во Тирана се вратени 26 албански граѓани, поради прекршување на правилата за престој во Шенген зоната.
Меѓу депортираните е и 50- годишник баран од италијанските власти со меѓународна потерница. Станува збор за К.Ј. од Валона кој е лишен од слобода, со цел екстрадиција во Италија.
Властите во Италија го бараат за трговија со дрога,како дел од структурирана криминална група, а на шпанската полиција и дал лажни податоци за неговиот идентитет.
Според полицијата од почетокот на годинава околу 900 албански државјани се депортирани со чартер летови, од неколку европски земји, пред се, Франција и Германија. Последно беа депортирани 40 албански државјани, од кои 34 од Франција и шесттмина од Белгија, откако им е одбиено барањето за азил.
И овојпат државната полиција апелира до сите албански државјани да ги почитуваат правилата за движење во Шенген зоната и да не вложуваат никакви напори и да се изложуваат на непотребни трошоци, бидејќи Албанија се смета за безбедна земја поради што „шансите за добивање азил за албанските граѓани се еднакви на нула”.