Промоција на книгата „Имуни на реалноста” на Трајко Славески

Во салата Милениум на хотелот Холидеј Ин- Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Имуни на реалноста” од д-р Трајко Славески, во организација на Матица македонска од Скопје.

Во  своето најново дело познатиот универзитетски професор и научник објавува сто и шест текстови, поделени во четири тематски поглавја, во кои говори за широк круг на круцијални теми од областа на економијата и политиката.

За пораките на книгата на Трајко Славески ќе говорат проф. д-р Михаил Петкоски и писателот и публицист Блаже Минески.

Треба да знаете
Последни објави