– Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев заедно со дополнителниот заменик на министер Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска во полицискиот центар ,,Ѓорче Петров” имаа работна средба со раководните структури на сите организациони единици во рамките на Одделот за специјални полициски операции, на кој присуствуваа и претставниците на репрезентативниот полициски синдикат.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, средбата била посветена на тековното работење на Единиците во рамки на Одделот и начините за што поефикасно функционирање во претстојниот предизборен период.
– Денешниов состанок имаше за цел да покаже единство на највисокото раководството на МВР во делот на донесување одлуки од значење на службата и да ги охрабри припадниците на службите дека единствено преку доследно почитување на законските надлежности и професионалните стандарди во секојдневното работење, полицијата и полициските службеници можат да ја градат и оправдаат својата позиција, доверба и кредибилитет меѓу граѓаните, се наведува во соопштението.