Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, го прими извршниот директор на за јавни финансии на УСАИД во Македонија, Џон Јеитс, со кого разговараа за можностите за зголемување на фискалната ефикасност на општината и планирањето на проекти. На средбата на која присуствуваа шефот на кабинетотот Валбон Лимани и раководителот на ЛЕР, Бесим Догани, градоначалникот Таравари го извести директорот Јеитс за успесите и предизвиците со кои се соочува општина Гостивар во областа на наплатата на даноците на општината, извршувањето на буџетот и имплементирањање на проектите.
“Откако дојдов на функцијата градоначалник на Гостивар, како општина забележуваме пораст од 15% на општинските даноци, извршувањето на буџетот во однос на планираното достигнува околу 95%, а сме спровеле и бројни капитални проекти во главно со сопствени средства, но и како донации од меѓународни организации и од пријателски земји на нашата држава”, истакна градоначалникот Таравари. Градоначалникот на Гостивар ја истакна потребата од соодветна фискална децентрализација со што ќе се зголемат можностите на единиците на локалната самоуправа за поголема ефикасност во планирањето на буџетот и капиталните инвестиции, особено со оглед на тоа што општините се институции кои најдобро се запознати со реалните потреби на нејзините граѓани. Директорот Џон Јејтс се задржа на можната соработка за заедничко аплицирање на јавниот повик на УСАИД, при што го информираше градоначалникот и неговите соработници за четирите компоненти на техничка помош преку овој повик во износ од 5 до 7 милиони американски долари. Јејтс стави акцент на зголемување на нивото на наплатата на општинските даноци, подобрување во планирањето на проекти, зголемување на општинскиот буџет и потребата за фискална децентрализација.