Светската здравствена организација и Светската туристичка организација во заедничка изјава ги повикаа сите светски региони на одговорност и кооринација поради понатамошното ширење на коронавирусот порачувајќи дека во туристичкиот сектор, како и во другите, соработката е клучна.
Од Светската туристичка организација велат дека на 30 јануари оваа година СЗО го прогласи коронавирусот за загрижувачки за јавното здравје и издаде привремени препораки, но без ограничувања за патување или трговија вр база на тогаш достапните информации.
„СЗО соработува со глобалните експерти, влади и партнери на брзо проширување научни сознанија за новиот вирус, следење на ширењето и вируленцијата на вирусот, како и давање совети на земјите и глобалната заедница за мерки за заштита на здравјето и спречување на ширењето на вирусот“, се наведува во заедничката изјава на двете организации.
Меѓународната соработка се смета за клучна, особено во туристичкиот сектор, бидејќи, како што велат, туризмот е посветен на поставување на луѓето и на нивното добро на прво место.