Сите лица кои во Црна Гора се под здравствено-санитарен надзор поради коронавирусот, се чувствуваат добро, информира денеска доктор Сања Меденица од Институтот за јавно здравје.
Синоќа беше објавено дека во Црна Гора моментално има 184 лица под здравствено-санитарен надзор поради актуелниот коронавирус.
Меденица, во утринската програма на ТВЦГ, изјави дека нивната состојба постојано се следи и оти лицата под надзор мораат да се јавуваат во здравствените установи двапати на ден.