Шпанскиот фудбалски првак Барселона по првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите има добар резулатат во пресметката со Наполи (1:1). Каталонците се задоволни од резултатот, но она што ги мачи пред реваншот на 18 март на „Камп Ноу“ е преполовениот играчки кадар. Серхио Бускетс и Артуро Видал ќе отсуствуваат поради картони на овој меч, а нема да бидат на располагање и повредените Луис Суарез, Осман Дембеле, Жорди Алба и Серхио Роберто. Неизвесен е и Жерард Пике кој се повреди во Неапол.
Во микс зона на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол, Бускетс го критикуваше раководство и уште еднаш го открија проблемот кој изминативе денови го имаат каталонците во соблекувалната.
-Немаме голем избор на играчки кадар, за жал. Но, така е планирано, рече искусниот Бускетс.
И хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ се согласи со шпанскиот репрезентативен фудбалер од својот клуб. На Барселона и недостасуваат играчи за да можата подеднаков добро да играат на повеќе фронтови во згусната распоред.
Барселона по мечот со Наполи во ЛШ, в недела ја очекува моѓеби решавачки меч за одбрана на титулата во Пример со лутиот ривал Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.