Опасниот коронавирус, кој предизвика повеќе од 2.700 смртни случаи низ целиот свет, минатата недела пристигна во Италија и за кратко време одзеде 12 животи. Според најновите информации, повеќе од 300 луѓе се заразени, вклучително и деца.
Повеќе градови во северниот дел на земјата се блокирани за да се спречи ширењето на вирусот, а полицијата го контролира влезот и излезот на некои патишта во близина на Милано.
Блокираните градови се речиси целосно пусти, а полиците во продавниците веќе неколку дена се празни бидејќи луѓето панично ги купуваат најнеопходните намирници.
Колку се очајни граѓаните покажува и фактот дека се случуваат инциденти во маркетите, каде купувачите се тепаат за храна.
Една ваква непријатна сцена се случи во понеделникот во провинцијата Лоди во Ломбардија.