– Државната изборна комисија на денешната седница го усвои регистарот на медиуми кои ќе имаат право на претставување на политички партии на претстојните избори.
Комплетна документација доставиле 41 телевизија, 48 радија, 12 печатени медиуми и повеќе од 200 веб портали.
Целиот регистар ќе биде објавен на веб страницата на ДИК, со претходно утврдените ценовници за искористување на буџетски финансиски средства за претстојните избори.