Фали Рамадани, еден од советниците на поранешниот премиер Зоран Заев, за кој денеска дел од медиумите пренесоа дека е уапсен во Шпанија, ги демантира ваквите вести.
Тој за 24 Инфо ексклузивно изјави дека не е уапсен, ниту тој ниту неговата сопруга, и оти во моментов е на натпреварот од Лигата на Шампиони меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Тој ни испрати фотографија од стадионот „Сантијаго Бернабе“, каде е заедно со поранешниот голман Никола Дамјанац, за кој „Република.рс.“ претходно напиша дека со Рамадани и уште пет лица се уапсени за перење на пари и корупција преку фирма за недвижнини.
– Никој не е уапсен, еве сме на натпреварот Рел, Сити. Утре треба да се појавиме на суд каде треба да се надминат недорзбирањта. Се е лагално, не сме го прекршиле законот и се надевам дека шпанските власти истото ќе го потврдат, изјави Рамадани.