Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Турција планира да ги поттисне сириските владини сили од Идлиб во северозападна Сирија до крајот на февруари.
„Во Идлиб нема да направиме ниту најмал чекор назад. Ќе го оттргнеме режимот и ќе му овозможиме на населението да се врати дома”, рече Ердоган.
Говорејќи пред пратениците на АК партијата, тој рече дека се надева оти прашањето за користење на воздушните сили во северозападна Сирија ќе биде решено наскоро, пренесува Ројтерс.
Како што се наведува, Русија го контролира воздушниот простор и ги напаѓа секојдневно бунтовниците поддржани од турските сили, во знак на поддршка за сириските сили.