– Во Иран се приведени 24 лица поради ширење гласини за новиот коронавирус.
Иранската кибер полиција уапси 24 лица обвинети за ширење на гласини закоронавирусот во земјата преку Интернет.
– Дваесет и четири лица беа уапсени и предадени на судството, а 118 (Интернет) корисници беа испрашувани и ослободени, откако добиле предупредување, рече Вахид Маџид, шеф на иранската полиција за кибер просторот.
– Апсењата се извршени по формирањето на специјална единица за борба против гласините за ширењето на коронавирусот во земјата, рече тој. – Полицијата ги следи сите новости на кибер-просторот во Иран, каде од Ковид-19 веќе починаа 19 лица, а 139 заразени.