Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) чека препораки од министерството за здравство дали да преземе конкретни чекори за одигрување на натпреаврите од националниот шампионат. Медиумите од оваа земја денеска објавија дека е можно големото дерби на „Пољуд“ меѓу вечните ривали Хајдук и Динамо од Загреб кое е закажано за 4 март да се игра без присуство на гледачи, поради појавата на коронавирусот во Хрватска.
Хрватот кој беше прв регистриран случај во Загреб, дошол заболен со коронавирус од Милано, а сега и неговиот брат близнак исто така е ставен во изолација. Засега според најавите затворање на стадиони во Хрватска барем за викендов нема да има, а на програмата се две дербија помеѓу Осиек и Хајдук и Динамо со Риека.