– Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина ќе се укине веднаш откако ќе се воспостави целосен реципроцитет кон Белград, за што се очекува елаборацијата од Министерството за економски развој, јави дописникот на МИА од Приштина.
На отворањето на изложбата „Спомените на Косово, портрети на Адем Демачи во уметнички слики и фотографии”, Курти побара од новинарите да не брзаат во поглед на таксата и реципроцитетот, затоа што, како што рече, неговата Влада „не прави грешки”.
– Таксата ќе се замени со реципроцитет. Не се брзајте, бидејќи треба да ја изготвиме елаборацијата за реципроцитет, за што е задолжено Министерството за економски развој, и веднаш штом ја добиеме ќе ја замениме таксата од 100 отсто. Но, ние не правиме грешки, чекориме право и исправно на нашиот добар пат, изјави Курти.