Манчестер сити ја почна жалбената постапка во Лозана за изречената казна од УЕФА

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити  ја доставил жалбата до Арбитражниот спортски суд во Лозана на одлуката од УЕФА да му забрани да игра две години во евро-куповите и да плати 30 милиони евра што му беше изречена поради прекршување на финасискиот фер-плеј.  Од Судот  во Лозана потврдија дека ја добиле жалбата, но не прецизираат колку долго ќе трае целиот процес. Според процедурата на ЦАС во првата фаза треба да бидат поденсени писмени поднесоци од двете инволвирани страни.

Манчестер сити ги отфрла обвинувањата на германскиот „Der Spiegel“ кој пишуваше во ноември 2018 дека Манчестер сити ги „пумпал“ маркетиншките договори и со тоа ја манипулирал УЕФА, која отвори истрага по ваквите наводи и им ја одмери казната на „граѓаните“.

Треба да знаете
Последни објави