Изнанадувачкиот раст на случаите на новиот коронавирус во Италија, Иран и Јужна Кореја е „длабоко загрижувачки”, но неговото ширење и натаму може да се спречи за да не прерасне во пандемија, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација.Тедрос Адан Гебрејсус.
-Од невнимателното користење на терминот пандемија нема никаква корист, а тоа со себе повлекува и значителен ризик за прашањето за ширење на неоснованиот страв и стигматизација и парализирање на системот, рече генерелниот директор на СЗО.
Тедрос, во тој контекст, укажа дека тоа би можело да биде и „сигнал дека веќе не можеме да го совладаме вирусот” што, како што истакна, не е точно, пренесуваат британските медиуми.
Во обраќањето до дипломатите во Женева, Тедрос истакна дека мисијата на СЗО, која вчера требаше да отпатува за Иран, во оваа земја ќе замине за време на викендот.